Боксер конечно победи за првпат, пред тоа имаше 49 порази по ред!

Британскиот боксер Џејк Полард покажа неверојатна упорност и тоа му се исплатеше. Полард имаше 49 борби и исто толку порази, но само четири со нокаут и продолжи да се обидува конечно да победи, и успеа.

Во својот 50-ти меч, 31-годишниот Полард победи.

Инаку Полард по професија е ковач кој потковува коњи, а против Луис Смитсон ја искова првата победа и првпат почувствува како е судијата да му ја подигне раката за да го прогласи за победник.

Таа битка беше во јули. Потоа Полард претрпе уште еден пораз и сега скорот во кариерата му е 1-50. Утре пак ќе се бори со Смитсон и тоа е шанса да дојде и до втора победа.

- Оглас -

Најнови вести