Боксер сакаше да го имитира Тајсон и за малку ќе му го откинеше увото на противникот (Видео)

Мароканскиот боксер Јунес Бала покажа неспортска игра за време на борбата против Давид Ник од Нов Зеланд откако сакаше да му го изгризе увото. Бала беше немоќен и во еден момент реши да го копира прославениот потег на легендарниот Мајк Тајсон, кога му го одгриза увото на Ивандер Холифилд.

За среќа, Бала не успеа да го гризне увото на противникот, а на крајот боксерот од Нов Зеланд се радуваше на триумф.

- Оглас -

Најнови вести