Боксерот кој успеа да убие мечка, ќе добие ново лице (фото)

Рускиот професионален боксер Илија Медведев (23 години) ќе оди на операција на лицето по повредите кои ги здоби во страшниот напад од разбеснета мечка. Пред неколку месеци, Медведев заедно со уште двајца пријатели заминале да ловат риба, кога пред нив се појавила голема мечка.

Дивото животно веднаш фатило еден од рибарите. Вјачеслав Дундик, кој имал 48 години, починал од повредите во нападот, а мечката потоа тргнала кон Медведев. Боксерот посегнал по ножот што го носел со себе и успеал да зададе неколку убоди на разулавеното животно.

Мечката потоа се тргнала од Медведев и неколку метри подалеку од него починала. Боксерот со тешки повреди бил пренесен во болница, завршил во индуцирана кома, а по неколку недели успеал да закрепне.

Сега Медведев ќе има неколку пластични операции на лицето кое му беше тешко повредено во нападот од мечката, која успеа да ја убие.

- Оглас -

Најнови вести