Легендарниот филипински боксер, Мани Паквајо, изразил желба да учествува на Летните Олимписки Игри кои следната година ќе се одржат во Париз. Тој има 44 години и според правилата не смее да боксува на ЛОИ, бидејќи дозволено е учество само на боксери до 40-годишна возраст.
Од Олимпискиот комитет на Филипини веќе поднеле официјално барање до ИОК на Паквајо да му биде дозволено учество на Игрите и да биде направен исклучок од правилата.
Мани Паквајо во својата кариера има освоено бројни титули во професионалниот бокс, но никогаш не учествувал на Олимписки игри. Тој во изјава за АФП потврдува дека сака да учествува на ЛОИ и дека годините не се пречка за него, бидејќи се чувствува како да има 28 или 30 години.