Боксинг деј лудило, на сите попладневни натпревари има голови по првото полувреме

Премиер лигата стартуваше денеска по 45-дневна пауза на популарниот Боксинг деј и фудбалерите покажаа дека се гладни за фудбал. На сите четири натпревари кои се играат од 16 часот има голови по првото полувреме, а најубедлив е Њукасл.

Најбогатиот спортски клуб има предност од високи 0:3 на гостувањето кај Лестер по првиот дел. Резултатот го отвори Крис Вуд во третата минута со голот од пенал, а само четири минути подоцна, Мигел Алмирон зголеми на 0:2. Третиот гол го постигна Жоелинтон во 32-рата минута.

Предност на гости по првиот дел има и Брајтон, и тоа од 0:2 против Саутхемптон благодарение на Лалана, кој во 14-тата минута го отвори резултатот, и на Перо, кој си постигна автогол во 35-тата минута.

И Фулам како гостин има предност, и тоа во дуелот со градскиот ривал Кристал палас. Голот го постигна Рид во 31-вата минута, а главоболки на менаџерот на Кристал палас му задава и црвениот картон на Мичел поради опасен старт.

Евертон и Вулверхемптон на одмор заминаа без предност играјќи 1:1. Домашниот тим поведе уште во седмата минута преку Јери Мина, но гостите израмнија во 22-рата благодарениена Поденс.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести