Боксот во женски стил, како на модна писта – Ебани шокираше со чипка и долен веш (Видео)

Интересен ќе биде бокс мечот меѓу Ебани Бриџис и Шенон Кортни закажан за утре, а предиграта за титулата во бантам категорија во ВБА верзијата беше шокантна.

Австралијката Бриџис излезе на официјалното мерење со долен веш од чипка, што е сосема невообичаено, а потоа се обиде да и го подари на противничката.

Кортни ја одби понудата и потоа ја критикуваше Ебани за „разголувањето“.

„На ваков начин не се привлекуваат гледачи. Изгледаше како евтина девојка, а јас не сакам да бидам таква. Сакам да бидам идол на обичен начин на сите девојки и дами што го сакаат боксот и во иднина ќе се одлучат да градат кариера со племенита вештина“, изјави Кортни.

 

- Оглас -

Најнови вести