Манчестер сити по една сезона пауза, се врати на фудбалскиот трон во Англија, титулата е обезбедена на три кола до крајот на сезоната. Градскиот ривал Манчестер јунајтед ќе мора да се помири дека Граѓаните ќе бидат газди во градот, а и во целата земја во наредните месеци, но како вицешампион, дава знаци дека во блиска иднина ќе биде предендент за титулата и во наредната сезона.
https://twitter.com/ESPNFC/status/1392196470800064514
Она што многу ги боли Црвените ѓаволи и нивните навивачи е што на лигашкиот трофеј чекаат од сезоната 2012/13, односно кога по 20-ти и последен пат беа шампиони, а Сер Алекс Фергусон менаџираше во својата последна сезона како предводник на Јунајтед.
Од таа сезона, во наредните осум, вклучувајќи ја и актуелната, Сити редовно е пред Јунајтед на табелата, што е доволен доказ дека сината боја доминира во Манчестер откако си замина легендарниот Шкотланѓанец.
Сезона 13/14: Сити шампион, Јунајтед седмо место
Сезона 14/15: Сити вицешампион, Јунајтед четврто место
Сезона 15/16: Сити четврто место, Јунајтед петти
Сезона 16/17: Сити трето место, Јунајтед шесто место
Сезона 17/18: Сити шампион, Јунајтед вицешампион
Сезона 18/19: Сити шампион, Јунајтед шесто место
Сезона 19/20: Сити вицешампион, Јунајтед трето место
Сезона 20/21: Сити шампион, Јунајтед вицешампион