Болен пораз, Пелистерци испаднаа од Европската лига

Еурофарм Пелистер загуби дома од Мотор Запорожје со 25-27 во клучниот меч за пласман во осминафиналето на ЕХФ Европската лига.

На битолчани им требаше победа или реми за да се пласираат во следната фаза, играа дома против тим кој есеноска како гости го победија со три гола разлика, но Украинците се радуваа во „Боро Чурлески“ и тие се меѓу 16-те најдобри.

При 26-25, македонскиот тим имаше напад, но не го реализира, утна Црногорецот Радовиќ на 23 секунди до крајот.

Танкосли со 9 гола беше најрасположен кај Е. Пелистер, Василев даде 4.

- Оглас -

Најнови вести