Кошаркарите на Денвер нагетс и трет натпревар по ред беа многу блиску до нерешено после регуларните 48 минути, но овојпат Никола Јокиќ не погоди за три поени на две секунди пред истекот на времето, па загубија на гости од Минесота со 119-116.
На 25 секунди пред крајот Денвер имаше водство од 115-116, но домашните со два погодени шута од поле дојдоа до победата. Никола Јокиќ мечот го заврши со 26 поени, девет асистенции и 13 скока.
Актуелниот шампион, Бостон, лесно славеше со убедливи 109-124 на гостувањето кај Шарлот. Тејтум со 32 поени беше најефикасен на паркетот и најзаслужен за победата на Бостон.
Резултати:
Шарлот – Бостон 109-124
Кливленд – Орландо 120-109
Детроит – Њујорк 98-128
Атланта – Сакраменто 115-123
Бруклин – Чикаго 120-112
Торонто – ЛА Лејкерс 125-131
Њу Орлеанс – Индијана 125-118
Минесота – Денвер 119-116
Портланд – Оклахома 114-137