Ал-Итихад е на добар пат по пауза од една сезона, повторно да стане шампион на Саудиска Арабија.
Тимот во кој главна ѕвезда е Карим Бензема, вечерва со 3-2 го победи Ал-Наср на Кристијано Роналдо, иако Ал-Наср по првото полувреме водеше со 2-0. Пресвртот го најави Бензема, израмни Канте, а Ауар погоди во 94-тата минута за голема победа по која на актуелниот првак Ал-Хилал му бегаат шест бода на четири кола до крајот.
Ал-Наср на Роналдо падна на четврто место со 11 бодови помалку од лидерот и уште има теоретски шанси, но тие се доменот во научна фантастика и најверојатно уште во следното коло ќе стане јасно дека нема ништо од титула.