По речиси две децении верност кон Барселона, Лионел Меси го поминува првиот ден како слободен играч. Договорот на Меси со каталонскиот гигант заврши на 30 јуни и сега Аргентинецот е слободен, без никакви препреки, да одбере каде ќе игра следната сезона.
Доколку Меси реши да си замине од „Камп ноу“, Барселона нема да добие ниту едно евро отштета. Лео не е единствената ѕвезда која од денеска е без договор, односно е слободен играч. Тука е и капитенот на Реал Мадрид, Серхио Рамос, кој потврди дека сигурно ќе бара нов клуб ова лето, додека за Меси уште постојат дилеми дали ќе остане во Барселона.
Меѓу слободните играчи се и некогашната италијанска ѕвезда Марио Балотели, кој заедно со ветеранот Франк Рибери и Меси го сочинуваат офанзивниот дел од тимот на слободни фудбалери.
Во средниот ред би биле Хуан Мата, Паулињо и Џек Вилшер, а во одбраната која ја предводи Рамос има место и за Боатенг, Хисај и Бертранд. На голот на најдобрите 11-мина слободни фудбалери би застанал Џиџи Донарума, кому му заврши договорот со Милан и сега негова следна дестинација најверојанто ќе бидат Јувентус или ПСЖ.