Боли ќе троши пари на засилувања и во претстојното лето, Феликс најверојатно останува во Лондон

Сопственикот на англискиот премиерлигаш Челзи, Тод Боли, кој во последните два преодни рока потроши малку над 600 милиони евра за засилувања, ќе биде активен и налето, а една од главните задачи би требало да му биде да го задржи играчот што сега за неговиот тим настапува како позајмен.

Новинарот Фабрицио Романо, кој е експерт за фудбалски трансфери, пишува дека Португалецот Жоао Феликс би можело да остане на „Стемфорд бриџ“ и по истекот на позајмицата.

https://twitter.com/CFCPys/status/1625190516517179412?s=20&t=JdRTrtcRxomrIjz1uzkLdA

Според Романо, Португалецот на челниците на Атлетико Мадрид им порачал дека сака да остане во Лондон и дека од нив бара да се договорат со Челзи за трансфер. Феликс не е во добри односи со тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне, и токму тоа е причината зошто не сака да се врати на „Ванда Метрополитано“.

За да се случи тоа, потребно е Боли да понуди барем 120 милиони евра, колку што Атлетико во 2019 година плати за да го донесе Феликс на „Ванда Метрополитано“.
Наводно, во реализацијата на трансферот се вклучил суперагентот Жорж Мендеш, кој почнал да лобира кај челниците на двата тима да седнат на преговарачка маса.

- Оглас -

Најнови вести