Болидот на Леклер на слободниот тренинг во Австрија ќе го вози Дино Бегановиќ

Ферари издаде соопштение во кое потврди дека Шарл Леклер нема да биде присутен на првата слободна тренинг-сесија на австриското гран при. Возачот од Монако ќе му го отстапи својот болид на Швеѓанецот Дино Бегановиќ, член на Академијата за возачи Prancing Horse и натпреварувач во Формула 2 шампионатот.

Бегановиќ има 21 година, роден е во Шведска, а неговите родители се од Босна и Херцеговина. Тој зборува четири јазици.

Ова нема да биде прв пат шведско-босанскиот возач да вози за италијанскиот тим. Тој го замени Леклер и на слободните тренинзи во Бахреин.

- Оглас -

Најнови вести