Болна е причината зошто Ван Дајк не го носи своето презиме на дресот

Фудбалерот на Ливерпул и на холандската репрезентација, Вирџил ван Дајк, на дресот не го носи презимето туку своето име, а англиските медиуми открија зошто одличниот дефанзивец се одлучил на ваков потег.

Иако Ван Дајк никогаш не зборувал на оваа тема, медиумите од вукото на фудбалерот открија дека  причината зошто дефанзивецот „се откажа“ од своето презиме на дресот е болна и е поврзана со тешкото детство и неговиот татко.

„Неговиот татко се разведе од мајка му и ги остави трите деца. Го немаше никаде во животот на Вирџил во годините кои беа важни за него. Не го смнувате презимето на татко ви без причина од дресот, а Вирџил со тој потег јасно покажа што мисли за сопствениот татко“, изјави  за таблоидот „Сан“ вујкото на фудбалерот, Стивен Фо Сиу.

„Таткото на Вирџил, Рон е добар човек но морате да бидете повеќе од тоа за да бидете добар родител. Морате да покрај вашите деца. Рон подоцна се ожени повторно, а неговата нова сопруга беше толку доминантна што тој не можеше да ги гледа своите деца“, додава Фо Сиу.

- Оглас -

Најнови вести