Болна одлука на Федерер

Еден од најдобрите тенисери на сите времиња, Роџер Федерер, одлучи дека нема да учествува на Олимписките игри во Токио. Федерер имаше неуспешно враќање на Вимблдон кога не успеа да стигне ниту до полуфиналето.

Швајцарецот неодамна доживеа повреда, па лекарите му препорачале да не игра во Токио.

„Во текот на сезоната на тревната подлога доживеав еден незгоден пад и удрив со коленото. Морав да ги прифатам препораките и да се повлечам од Олимписките игри во Токио. Многу сум разочаран, затоа што голема чест и врв на кариерата ми било секогаш кога сум ја преставувал Швајцарија. Веќе започнав со рехабилитација и се надевам дека на теренот ќе се вратам пред крајот на летото“, напиша Федерер на својот твитер-профил.

 

- Оглас -

Најнови вести