15.8 C
Skopje
среда, 10 септември 2025

Болниот ексмакедонски селектор го воодушеви светот, подарениот автомобил го проследи кај друг човек

Фудбалската репрезентација на Узбекистан испиша историја, првпат оваа централноазиска нација ќе учествува на Светско првенство, а претседателот Шавкат Мирзијоев лично им честиташе на играчите и објави посебни награди.

На церемонија во Ташкент, секој член на тимот доби електричен автомобил BYD во вредност од околу 50.000 евра како симбол на признание за историскиот успех и промоција на земјата на светската сцена.

Словенецот Среќко Катанец, кој е поранешен македонски селектор, а беше селектор и на репрезентацијата на Узбекистан до јануари оваа година, кога се повлече откако му беше дијагностициран рак, направи прекрасен гест. Тој не беше заборавен, и за него имаше автомобил, но Катанец ги воодушеви сите со тоа што реши да му го подари електричниот автомобил на својот преведувач, Даврон Ахмедов.

 

- Оглас -

Најнови вести