Болниот Луческу: „Не можам да го напуштам тимот како кукавица пред плејофот за СП“

Еден од најтрофејните тренери во историјата на фудбалот, Мирчеа Луческу, кој е селектор на романската репрезентација, зборуваше за својата здравствена состојба пред натпреварот против Турција од баражот за Светско првенство 2026.

Луческу, кој има 80 години, бил хоспитализиран трипати од декември 2025 година наваму, но не открива детали за неговата болест.

„Кога лекарите ми дозволија да продолжам да се занимавам со тренерска работа, се фокусирав на она што треба да го направам за Романија. Не сум во најдобра форма и ќе ја напуштев репрезентацијата доколку Федерацијата имаше друга опција. Но, не можам сега да си заминам како кукавица“, рече Луческу

Романците утре гостуваат кај Турција во Истанбул, а победникот ќе игра против Словачка или Косово за место на СП.

- Оглас -

Најнови вести