Екипата на Еурофарм Пелистер ќе биде без неколку членови за денешниот меч против Ним во рамките на седмото коло од групата Д во ЕХФ Европската лига.
Битолчани на теренот во Франција ќе истрчаат во 18:45 часот по средноевропско време, и тоа како второпласирани со осум бода, додека токму Ним е напред со еден повеќе.
Поради ковид-19, Матео Мараш Немања Обрадовиќ и Јосип Периќ ќе бидат надвор од денешниот меч, додека поради повреда нема да настапи и Мирко Радовиќ, кој има повреда на рамото.
Со тоа македонскиот тим на оваа средба на располагање ќе има 14-мина ракометари, од кои двајца голмани.
Како што е добро познато, најдобрите четири екипи обезбедуваат директен пласман во понатамошната фаза од ЕХФ Европската лига.