Болницата во Фиренца му исплати еден милион евра на семејството на поранешниот фудбалер на Фиорентина, Давиде Астори. Точно 1.090.000 евра е износот кој семејството на Давиде ќе го добие за неговата прерана смрт, одлучи Граѓанскиот суд во постапката.
Професорот Џорџо Галанти е осуден на една година затвор условно поради убиство од негрижа. Галанти е лекарот кој беше задолжен за Астори, фудбалерот кој на 4 март 2018 година ненадејно почина во хотелската соба додека беше со својот тим пред гостувањето кај Удинезе.
Според важечките прописи за заштита на жртвата во случај на лекарска грешка, болниците се должни да исплатат привремен износ на оштета. Потоа болницата има право да бара надомест од докторот, доколку тој биде осуден за тешко невнимание. Лекарите најчесто во ваквите случаи се обезбедени со полиси од осигурување.
Судот одлучи 490.000 евра да им бидат исплатени на Франчиска Фјорети и Викторија Астони (партнерката и ќерката на Давиде), додека останатите 600.000 евра ќе бидат на сметката на неговите родители и браќата.

