Арсенал оваа сезона навистина наликува на болница бидејќи тимот се соочува со сериозни проблеми со повреди. Најнов удар за Топчиите е повредата на Такехиро Томијасу, кој ќе биде надвор од терените од осум до девет месеци поради операција на коленото. Ова значи дека јапонскиот дефанзивец во најдобар случај ќе се врати кон крајот на 2025 година.
Томијасу оваа сезона одигра само шест минути поради хронични проблеми со повреди и конечно одлучи да оди на операција за целосно решавање на проблемот. Тој изјави дека го чека долг пат кон целосно заздравување, но максимално ќе биде посветен во намерата да се врати здрав и комплетно подготвен за настапи.
Поради оваа ситуација, шансите Арсенал да го продаде во блиска иднина значително се намалени, иако претходно се шпекулираше дека клубот може да се раздели со него.
Јапонецот пристигна во Арсенал летото 2021 година од Болоња за 18 милиони евра и има договор до 2026 година.