Лоренцо Браун погоди во последната секунда за победа на Фенербахче против Црвена Ѕвезда, клуб за кој играше претходно.
Американецот го постигна својот 13-ти поен на мечот со последниот шут пред звукот на сирената за триумф на гостите од Истанбул со 73:71.
https://twitter.com/EuroLeague/status/1347272045902630913?s=20
Интересно пред мечот белграѓани му подарија плакета на свјот поранешен играч, кој на крајот се покажа како кобен за Црвена Ѕвезда со победнички кош за Фенербахче.
Судиите ја проверуваа ситуацијата во последниот напад на Фенер, но се утврди дека Браун навреме го исфрли баскетот и победничкиот кош беше регуларен.
Уште еден поранешен кошаркар на „црвено-белите“ Марко Гудуриќ беше втор стрелец во тимот н Фенербахче со 11 поени, а екс-кошаркарот на Партизан Јан Весели постигна 10 поени за гостите.
https://twitter.com/EuroLeague/status/1347244678689730567?s=20
Фенер ја постигна осмата победа во 18. коло и си ги врати шансите да игра во плејофот. Црвена Ѕвезда е на 15. позиција со биланс 6-12 и тенки шанси за настап во доигрувањето за титулата.