20.8 C
Skopje
вторник, 8 јули 2025

Тврдо ќе биде шведското дерби, голови ќе има во Шпанија, Англија и Италија

 

1361 Рајо Валјекано – Селта (Ла Лига, Шпанија,18.30 часот)

Рајо Валјекано е во опасен налет, а сега ќе бидат и дополнително мотивирани за да ја потврдат победата против Барселона со нови три бода.

Столе Димитриевски е во топ-форма, му одбрани пенал на Депај, а вториот херој на првата победа против Барса од 2002 година е Радамел Фалкао, или популарниот Ел Тигре, кој беше стрелец на победничкиот гол.

Селта, исто како Рајо, или победува или губи, а и двете екипи заедно со Алавес се трилингот со најмалку нерешени мечеви во Ла Лига и досега имаат само по едно реми.

Интересно е што и нивните меѓусебни дуели ретко завршуваат без победник. Од последните 10 во Ла Лига, дури на 9 имаше победник, а само последниот меч во тој циклус заврши нерешено 2:2. Редовно, речиси без исклучок, има и доста голови, па ќе типуваме дека и вечерва ќе се тресат мрежите на двајцата голмани.

Предлог тип: ГГ (1.75)

 

2611 Халмштад – АИК (Алсвенскан, Шведска, 19 часот)

АИК има три порази на последните пет меча, но сè уште има шанси за титулата во Шведска. Ако го победат Халмштад, 12-кратните шампиони ќе се приближат само на еден бод негатива зад актуелниот првак Малме на четири кола до крајот на популарната Алсвенскан.

Халмштад исто така е големо име во шведскиот фудбал, имаат четири титули, но сега и сосема поинаква цел. Се борат да не испаднат од лигата и за тоа им треба да не загубатод АИК, кој е фаворит според коефициентите.

Двете екипи по традиција играат тврди мечеви со малку голови, а вечерва дуелот е специфичен и со посебно значење бидејќи може да донесе титула за АИК и спас за Халмштад.

Предлог тип: Х2&0-3 (1.69)

 

3611 Болоња – Калјари (Серија А, Италија, 20.45 часот)

И Синиша Михајловиќ и Валтер Мацари имаат ист проблем, како да ги средат одбраните на Болоња, односно на Калјари. И двете екипи примија по 22 гола на 10 натпревари во Серија А и се меѓу најлошите во дефанзивниот дел.

Болоња има една пријатна традиција за нив против Калјари и нема загубено меч на „Ренато Далара“ од 2010 година, или цели 11 години.

И според бројот на бодови, а ги имаат дупло од Калјари, домаќините се фаворити и можеби изборот да се одигра единица и не е лош, но поради конфузните одбрани на двете екипи, ќе одиграме дека ќе има 3 или повеќе голови.

Предлог тип: 3+ (1.70)

 

1010 Вулверхемптон – Евертон (Премиер лига, Англија, 21 часот)

Двете екипи во сосема спротивно расположение го чекаат последниот дуел од десеттото коло во Премиер лигата. Волците ја кренаа формата и нанижаа четири меча без пораз, три од нив победи.

За разлика од нив, Карамелите играат лошо и имаат серија од три меча без триумф со два порази и едно реми. Гостите имаа многу проблеми со повредени играчи и веројатно повторно ќе играат без најдобриот стрелец, Доминик Калверт-Луин.

Најавено е дека нема да игра и Дукуре, кој исто така е многу значаен штраф од машинеријата на Евертон, а неизвесен е и настапот на Мина, Гомеш и Делф.

И домашниот тим има кадровски проблеми, но ни оддалеку како тие на Евертон и логично е што според коефициентите, се фаворити. Но, Премиер лигата е една од најсилните на светот, тешко е да се предвиди кој ќе победи, па ќе типуваме дека ќе има голови на двете страни.

Предлог тип: ГГ (1.89)

 

1362 Леванте – Гранада (Ла Лига, Шпанија, 21 часот)

Интересна вечер ќе има во Ла Лига со настапи на двајцата наши репрезентативци. Додека Столе Димитриевски со Рајо Валјекано ужива во одличен период, Енис Барди со Леванте сè уште ја чека првата победа во првенството.

Леванте е единствената екипа во Ла Лига што нема ниту еден триумф во 11 кола, па сега им е шанса против Гранада за првпат да се обидат да се радуваат на цел плен.

Гранада, исто како и Леванте, игра скромно, а двете екипи се подобри само од фенерџијата Хетафе. Домаќините постојано се мачат со премногу повредени играчи, а денеска нема да играат Марти, Кампања, Мелеро, Радоја, Робер Пјер, Мустафи, Постиго…

И Гранада има петмина што се неизвесни за настап, па ова ќе биде битка на ранетите и на две екипи со лош старт на сезоната.

Последните три меча меѓу Леванте и Гранада завршија без победник. Интересно е што и двете екипи на последните седум меѓусебни дуели давале барем по еден гол, па овде ќе ја почитуваме традицијата.

Предлог тип: ГГ (1.84)

 

- Оглас -

Најнови вести