Болоња е експерт за ремија, а Лацио најчесто или победува или губи

1801 Дармштад – Бохум (20.30 часот)

Бохум е една од двете екипи во Бундеслигата кои сезонава немаат победа, а Дармштад е тим со најслаба одбрана во лигата, прими 30 гола на девет меча, а во минатото коло против Баерн прими осум гола за едно полувреме. Бохум сезонава даде само 8 гола на девет меча, но во минатото коло одигра 2-2 и покажа дека умее да одигра и ефикасно. Последната гостинска победа на Бохум беше во март.

Предлог тип: 1Х & 3+ (2.45)

 

3001 Болоња – Лацио (20.45 часот)

Ова е дуел на два тима кои се во добра форма. Лацио има три победи по ред, додека Болоња има само еден пораз сезонава, и тоа уште во август, во првото коло, и дури шестпати играа нерешено во десет кола. Болоња има примено само 8 гола на 10 меча, а Лацио не е многу ефикасен, има 13 постигнати гола. Лацијалите се целосна спротивност од Болоња, римјаните имаат само едно реми сезонава. Лацио нема дадено гол на последните три гостувања кај Болоња, а на овој стадион не победил уште од 2018 година.

Предлог тип: НГ (1.91)

 

1701 ПСЖ – Монпелје (21.00 часот)

Парижаните против кого и да играат, особено ако се домаќини, важат за фаворити, така е и денеска. Во претходните три кола од лигата и последни вкупно четири меча во сите натпреварувања, Мбапе и другарите секогаш даваа по три гола. Монпелје не е лош тим, од последните три меча, два ги доби со по 3-0, но против ПСЖ ќе биде тешко. Светците во минатата сезона на домашниот меч против Монпелје победија со 5-2, во 2016 гостите последен пат си заминаа непоразени, а оттогаш сите порази во Париз им беа барем со два гола разлика.

Предлог тип: 1-1 & 2+ (1.85)

 

1301 Лас Палмас – Атлетико М. (21.00 часот)

Ако се земат предвид само мечевите во 2023 година, Атлетико Мадрид е најуспешен тим во шпанската лига, а и најефикасен. Ако победат и вечерва, Јорганџиите ќе имаат еднаков број бодови со Реал и Жирона. Лас Палмас има три победи во последните четири кола, сите со резултат 2-1, но тие се тим кој дал само 8 гола на 11 меча сезонава. Ова се тимови кои не примаат многу голови, а Атлетико никогаш не загубил на Канарските Острови, каде што последен пат гостуваше во 2017.

Предлог тип: 2 & 2-3 (3.25)

 

1011 Лестер – Лидс (21.00 часот)

Ланските премиерлигаши сега ќе се судрат во дерби од Чемпионшип. Лисиците се први на табелата со 13 победи од 14 меча, цврсто газат кон враќање во елитата и имаат дури 14 бода повеќе од Лидс, кој е трети на табелата и ќе треба да се помачи ако сака експресен камбек во англиската елита. Во минатата сезона, на двата меѓусебни дуели на овие тимови паѓаа по два гола.

Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (1.90)

- Оглас -

Најнови вести