Болоња ги смирува страстите: Михајловиќ нема Ковид-19

Директорот на Болоња, Марко ди Вајо, ги демантираше информациите дека заразениот член е тренерот Синиша Михајловиќ. Италијанските медиуми претходно денес потврдија еден активен случај со ковид-19 во клубот, првично се работело за играч, но потоа се покажа дека е член на стручниот штаб.

Грижите дека Михајловиќ е токму заразениот со корона-вирус се неточни.

„Со сигурност можеме да потврдиме дека тренерот Михајловиќ не е заразен со ковид-19, но точно е дека еден член на стручниот штаб имаше позитивен тест, кој веќе е сместен во домашна изолација. Продолжуваме со активностите како и досега и сме во исчекување на нови резултати, а согласно со протоколот секој што е сомнителен на корона-вирусот ќе биде изолиран. Доколку има повеќе активни случаеви, целиот тим ќе се стави во карантин и ќе се адаптира на посебен режим на тренирање“, стои во соопштението.

Првично грижите за здравјето на Михајловиќ е поради тоа што српскиот стратег водеше тешка и долга битка со леукемијата, а само пред неколку месеци прогласи победа.

- Оглас -

Најнови вести