20.8 C
Skopje
среда, 27 август 2025

Болоња го доближи Емполи до преселба во втора лига

Болоња со пресврт во второто полувреме го победи Емполи со 3-1 во дербито за опстанок во италијанскиот шампионат, и ја оправда фаворитската улога, доближувајќи се до опстанок во Серија А.

Екипата на Болоња прими гол после 362 минути игра во кои голманот не им беше совладан, но сепак со пресврт, дојде до нова победа. Болоња собра дури 19 бода во претходните осум кола, со што е најдобар тим во лигата во овој период.

Стрелец на решавачкиот гол за домашните во 82 минута беше Орзолини кој има шест гола сезонава, а четири постигна само во последните седум кола. Емполи остана во опасната зона, но има уште четири кола сепак со серија добри резултати да избегне испаѓање.

- Оглас -

Најнови вести