Болоња и Наполи одиграа нерешено, 1-1, на големо задоволство на Интер, кој сега има +3 на врвот пред единствениот конкурент во борбата за титулата.
Франк Ангвиса во 18-тата минута донесе водство за Наполи од 0-1, но Дан Ндоје во 64-тата минута израмни на 1-1 и не дозволи гостинот да си замине со целиот плен.
Интересно ќе биде и во борбата за пласман во Лигата на шампионите, со оглед на тоа дека Аталанта има 58 бода, Болоња 57, Јувентус 56, Лацио 55, Рома 53 и Фиорентина 52 поени.