Сопругата на покојниот Синиша Михајловиќ, Аријана, откри дека клубот Болоња и понатаму му исплаќал плата на нејзиниот сопруг, до крајот на договорот кој го имале.
Михајловиќ почина во декември 2022 година од леукемија, а три месеци претходно беше отпуштен од Болоња, но предвремениот раскин не значеше и крај на обврските кон него. Договорот на Михајловиќ беше до јуни 2023.
„Синиша не очекуваше отказ и не го поднесе добро. Цело време велеше дека не сака да се повлече, туку сакаше да се бори и да продолжи да работи. Болоња направи поинаков избор и не може да ги осудиме за тоа. Клубот му префрлаше плата на сметка на мојот сопруг до крајот на договорот“, рече Аријана.