Фудбалерите на Болоња и Верона ја имаа честа да ја спуштат завесата на Серија А за 2024 година, а тоа го сторија на најдобар можен начин. Пет гола, пресврти, црвен картон и автогол за победа на гостите во 88-мата минута можеа да се видат на „Ренато Дал’Ара“.
Победата им припадна на фудбалерите на Верона, кои славеа со 2-3, откако Болоња имаше водство од 1-0, но гостите направија пресврт уште во првиот дел. На стартот од второто полувреме Болоња остана со играч помалку, но сепак, успеа да израмни, но автоголот на Кастро во 88-мата минута донесе победа за Верона.