Болоња конечно стави крај на лошата серија од четири порази и оствари успех на гостувањето во Торино. Стигна до триумф од 1-2 и се врати на победнички колосек.
Никола Моро во 49-тата минута донесе водство за гостите, а израмни Никола Влашиќ во 62-та минута.
Сепак, трите бода за Болоња ги донесе Сантијаго Кастро. Тој погоди во 70-тата минута за конечен триумф против Торино.

