Болоња, Лидс и Баер Леверкузен се во феноменална форма

1701 Мец – Лион (21 ч.)

Мец е тим кој само чудо може да го спаси да не испадне од Лига 1 во Франција. Само со шест освоени бода на свој терен во 10 меча, тој е најлошиот домаќин во француското првенство.

Од друга страна, Лион влезе во добра форма и има три победи во низа, па сега ќе сака оваа серија да продолжи. На последните четири дуели меѓу Мец и Лион, погодоувале двата тима.

Предлог тип: Х2&2-4 (1.91)

 

3002 Болоња – Верона (20:45 ч.)

Четири победи по ред нареди Болоња и сега овој тим е во ситуација да се бори за место кое носи излез во Европа за следната сезона. Болоња е тимот кој сезонава освои најмногу поени на свој терен (има 10 победи, две ремија и само еден пораз).

Верона е екипа која во 13 гостувања претрпе дури девет порази. Кога играат овие два тима, најчесто нема многу голови па во последните седум меѓусебни дуели, дури пет пати било со максимум два погодока, а двапати беа постигнати три гола.

Предлог тип: 1&0-3 (2.15)

 

1801 Баер Леверкузен – Мајнц (20:30 ч.)

Моќно и незапирливо делува Баер Леверкузен, единствениот тим во Топ 5 лигите кои уште немаат ниту еден пораз. Фармацевтите дома имаат девет победи и само две ремија, додека Мајнц е единствениот тим кој нема ниту една победа на гости сезонава (шест ремија и пет порази).

Во последните 12 средби на овие два тима, Баер има девет победи, Мајнц се радувал двапати, а еднаш било нерешено.

Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (1.81)

 

1301 Сосиедад – Вилјареал (21 ч.)

Сосиедад дома игра сигурно и во 12 меча има само два пораза (пет победи и пет нерешени), па така и вечерва е во улога на фаворит да освои бодови. Вилјареал ремизираше на четири од последните пет кола, што им дава оптимизам на гостите.

Традицијата вели дека на осум од последните 10 меча на овие два тима имало од 2-3 погодоци.

Предлог тип: 1Х&2-3 (2.40)

 

1012 Лидс – Лестер (21 ч.)

Дерби во Чемпионшип на првопласираните две екипи. Лестер е лидер со 78 бода, а Лидс е втор со 69 бода. Лидс сезонава дома нема ниту еден пораз (12 победи и четири ремија), а овој тим е во серија и од 10 победи и едно реми во последните 11 натпревари, што е дополнителна најава дека ќе биде интересно да се види како ќе заврши овој дуел.

Двата тима имаат одличен напад и целта им е да постигнат гол повеќе од ривалот, па погодоците едноставно нема да фалат.

Предлог тип: ГГ3+ (2.10)

- Оглас -

Најнови вести