Интер се лизна на домашен терен играјќи само 2-2 против Болоња. Сега тимот на Симоне Инзаги има три бода негатива во однос на лидерот Наполи, но и еден одигран меч помалку.
Кастро во 15-тата минута најави изненадување, но Интер брзо одговори со два гола. Думфрис израмни, а Лаутаро Мартинес во последните мигови од првиот дел се погрижи за пресврт.
Сепак, Болоња израмни и стигна до бод со голот на Емил Холм во 64-тата минута од дуелот.