Болоња ова го чекаше 60 години, а славењето започна кога Рома загуби од Аталанта!

Екипата на Болоња викендов славеше на стадионот „Диего Армандо Марадона“ против Наполи со 2:0, резултат кој покажа дека е многу значаен за гостите. Болоња игра фантастично сезонава и со 67 бода, на две кола до крајот од првенството, сигурно обезбеди место во Лигата на шампионите. Рома, која е на шестото место, има 60 бода, што значи дека ни теоретски не може да биде опасност за Болоња, која е на третото место веднаш зад шампионот Интер и вториот Милан.

Целата екипа на Болоња синоќа заедно го гледаше дуелот меѓу Аталанта и Рома, а по мечот следуваше големо славење.

Делува неверојатно, но Болоња цели 60 години чекаше за повторно да биде дел од елитното натпреварување на УЕФА. Последен пат беа дел од тогашниот Куп на европски шампиони (Лигата на шампиони е наследник на ова натпреварување), во сезоната 1964/65. Сега, 60 години подоцна, Болоња повторно ќе игра во ЛШ во сезоната 2024/25.

Болоња воопшто немаше играно во Европа 25 години. Последен пат во еврокуповите беше во сезоната 1999/2000, кога беше дел од Лигата на Европа.

 

 

- Оглас -

Најнови вести