Болоња после 62 години на гости даде три гола во прво, и го испрати Кремонезе во Серија Б

Поразот од 1-5 на дуелот со Болоња, за Кремонезе значи речиси сигурно испаѓање од Серија А.

На тимот од Кремона му останаа само некакви нереални математики за опстанок, а Болоња ја прекина низата од шест меча по ред без победа, и за првпат после 62 години успеа на прволигашко гостување да даде три гола во прво полувреме.

Болоња првпат од 2000 наваму, а десетти пат во клупската историја, даде пет гола на едно гостување од Серија А.

- Оглас -

Најнови вести