Болоња потврди дека Мота си заминува и се сели во Јувентус

Тијаго Мота ја извести управата на Болоња дека си заминува по последното коло во Серија А и повеќе нема пречки да го презеде кормилото на Јувентус, објави новинарот кој е експерт за трансфери, Фабрицио Романо.

Старата дама од претходно ги договори личните услови со Мота кој ќе потпише тригодишен договор кој ќе му носи пет милиони евра по сезона.

Дека Мота повеќе нема пречки да седне на клупата на Јувентус потврди и Болоња.
„Во овие две години соработував со одлично подготвен тренер и човек кој има победнички менталитет. Би сакал да остане во Болоња, но можам само да му се заблагодарам на Тијаго и не неговиот стручен штаб и да им посакам се најдобро во иднина“, изјави Џузепе Сапуто, претседателот на Болоња.

Мота тренерската кариера ја започна во ПСЖ каде ги водеше младинците, а во септември 2022 година седна на клупата на Болоња. Во првата сезона заврши како деветти, а оваа ја однесе Болоња во Лигата на шампионите.

- Оглас -

Најнови вести