26.8 C
Skopje
недела, 24 август 2025

Болоња се засили со еден од тепачите од Олимпик Марсеј

Една недела откако се степа со соиграчот Адриен Рабио во Олимпик Марсеј, англиското крило Џонатан Роу официјално си замина од францускиот тим и сега е нов играч на Болоња.

Италијанскиот калчолигаш ќе платат 17 милиони евра за младинскиот англиски репрезентативец, плус 2,5 милиони евра бонуси и 10% од парите при следната продажба. Роу ќе потпише договор на четири години со можност за продолжување на уште една сезона. Тој пристигна на „Велодром“ како позајмен од Норвич минатата година, а Марсеј плати 14,5 милиони евра ова лето за да го направи неговиот трансфер траен.

Роу одигра 30 натпревари минатата сезона, постигна три гола и имаше четири асистенции, но мораше да си замине по тепачката со Рабио. Претседателот на Олимпик Марсеј, Пабло Лонгорија, изјави дека инцидентот меѓу двајцата фудбалери биле „екстремно насилен што е нешто невидено“, оправдувајќи ја одлуката за трансфер на двајцата играчи.

Тренерот на Олимпик Марсеј, Роберто Де Зерби, сепак, ја остави вратата отворена за евентуално помирување и враќање на Адриен Рабио, надевајќи се дека „постојат услови што можат да се договорат за да се поправат работите“.

- Оглас -

Најнови вести