Денеска беше тажен ден во Кремона и Болоња, а капак за фановите беа и поразите на прволигашите од овие два града.
Во Кремона, беше одржана комеморација во чест на неодамна починатиот Џанлука Вијали, кој беше роден во Кремона и кариерата ја почна во Кремонезе. Вијали почина во Лондон, таму и ќе биде погребан во тесен круг на најблиското семејство. Многу легенди дојдоа во Кремона да се простат од него. Вечерва, Кремонезе загуби од Верона и се најде на последно место на табелата во Серија А.
Во Болоња, пред мечот имаше едноминутен молк во чест на Синиша Михајловиќ и Вијали. Публиката имаше причини за задоволство кога болоњезите рано поведоа против Аталанта, но гостите од Бергамо во второто полувреме направија пресврт и победија со 2-1, па и во Болоња тагата беше двојна.