2.8 C
Skopje
петок, 26 декември 2025

Болоња стави крај на победничката низа на Фиорентина (Видео)

Дојде крај на победничката низа на Фиорентина која заврши на денешното гостување кај Болоња. Домаќинот славеше со 1-0, а стрелец на победничкиот гол беше Јенс Одгард во 59.минута од дуелот.

Фиорентина по овој пораз има 31 бод и останува на четвртата позиција, а треба да го одигра и прекинатиот натпревар против Интер.

Верона оствари важна победа (2-3) на гостувањето кај Парма. Копола, Сар и Москера беа стрелци на головите за гостинскиот тим.

- Оглас -

Најнови вести