Болт позитивен на корона-вирус, се зарази на забава на која имаше и премиерлигашка ѕвезда

Јусејн Болт е позитивен на корона-вирусот и се наоѓа во изолација, а нема информација дали има симптоми. Болт во петокот наполни 34 години и по тој повод направи забава на која гостите не носеа маски и не држеа дистанца едни од други, па веројатно спринтерот од Јамајка се заразил тогаш.

Според медиумите од Јамајка, на забавата имало и фудбалери, меѓу кои и земјаците Рахим Стерлинг од Манчестер сити и Леон Бејли од Баер Леверкузен, двајцата родени во истата островска држава како и Болт.

Болт се фалеше дека тоа било најдобра забава на која присуствувал во животот, но само два дена подоцна се тестираше и дозна дека има корона-вирус.

- Оглас -

Најнови вести