Најдобриот фудбалер на светот за 2021 година во изборот на ФИФА, Роберт Левандовски, ќе стане првиот Полјак кој заиграл за фудбалскиот клуб Барселона, објави Полската национална телевизија ТВП.
Оваа сезона е последна за Левандовски во дресот на Баерн Минхен, од следната Леви ќе настапува за каталонскиот гигант, според имформациите на полската телевизија. Голем удел во овој трансфер имал и менаџерот Пини Захави, кој е близок со претседателот на Барса, Жоан Лапорта.
Договорот на Левандовски со Баерн е до летото 2023 година, па останува да се види дали Барса ќе мора да плати обесштетување или ќе се бара друг начин да го привлече Полјакот, кој повторно би бил соиграч со Пјер-Емерик Обамејанг, со кого заедно настапуваа и во Борусија Дортмунд.
За да направи место за Левандовски, Барса ќе треба да ги продаде Депај, Брајтвајт и Лук де Јонг.