Црвена ѕвезда со понуда од 2,7 милиони евра годишно влегува во трка за потписот на Никола Миротиќ.
Црногорецот со шпански пасош е принуден да си оди од Барселона и да бара нова средина, а интерес за него има од Армани Милано, Анадолу Ефес, сега во трката се вклучуваат и белградските Црвено-бели.
Миротиќ по Реал Мадрид, замина во НБА-лигата, па се врати во Европа, и тоа во Барса, а ако се обвистини шпекулацијата дека може да се пресели во Ѕвезда, тоа би бил најскап трансфер во историјата на АБА-лигата.
Вечерва од 19 часот Црвена ѕвезда го пречекува Партизан во четвртиот меч од финалето на АБА-лигата.