„Бомба“ на повидок: Специјалниот ќе биде новиот тренер на Меси, Нејмар и Мбапе?

Жозе Мурињо се поврзува со кормилото на Пари Сен Жермен, само неколку часа по потврдата дека Маурисио Покетино ќе биде разрешен од функцијата тренер.

Специјалниот неодамна го освои својот петти европски трофеј, предводејќи ја Рома до првата титула во Лигата на конференции, по што Мурињо ја комплетираше колекцијата на пехари во натпреварувањата на УЕФА.

На тој начин Жозе докажа дека уште е меѓу најдобрите стратези на Стариот континент, па сега прв кандидат за седнување на жешкото столче во Париз, што би било вистинска сензација доколку се случи.

Иако му преостануваат уште две години од договорот со Рома, нема да биде изненадување доколку Мурињо го прифати големиот предизвик да ги предводи мега-ѕвездите Меси, Нејмар и Мбапе.

- Оглас -

Најнови вести