Бомба на векот во македонскиот женски фудбал – Роналдиња потпиша за Љуботен!

„Бум, бум, бум! Добредојде Ана Беатриз Тарантино!“. Со овие зборови женскиот фудбалски клуб Љуботен од Тетово го објави историскиот трансфер на првата бразилска фудбалерка во Првата македонска фудбалска лига за жени.

Ана Беатриз која има 22 години, висока е 167 сантиметри, а поради сличноста со славниот Роналдињо и по начинот на игра, има прекар Роналдиња. Таа е поранешен член на славниот клуб Васко да Гама, а во Љуботен доаѓа од австрискиот Фордерланд.

Од Љуботен најавуваат дека Роналдиња е капитално засилување во остварување на целта и наскоро ќе потпишат со уште неколку фудбалерки.

Инаку, амбициозниот Љуботен моментно е на 10-то место во лигата која има 15 клубови.

- Оглас -

Најнови вести