Официјално, Јирген Клоп ќе го напушти Ливерпул по завршувањето на оваа сезона. Оваа бомбастична и шокантна изјава германскиот стручњак ја даде во едно интервју за клупскиот веб-сајт. Клоп за одлуката го информирал раководството на клубот, а сега откри и јавно за својот план.
Клоп како менаџер на Црвените ги освои Лигата на шампионите, Премиер лигата, ФА купот, Светско клупско првенство, европскиот Суперкуп, Лига купот, Комјунити шилд. Тој на клупата седна во 2015 година, кога дојде од Борусија Дортмунд.
A message to Liverpool supporters from Jürgen Klopp. pic.twitter.com/l7rtmxgOzt
— Liverpool FC (@LFC) January 26, 2024