Кевин де Бројне ги брои последните денови во дресот на Манчестер сити. Белгискиот репрезентативец последните 10 години ги помина во дресот на Граѓаните и ги освои сите најважни трофеи. Сепак, дојде време за заминување на Де Бројне, а од Англија стигнуваат неочекувани вести.
Иако сите очекуваат Де Бројне да ја продолжи кариерата надвор од Англија, постои опција тој сепак да остане во Премиер лигата. Најавите се дека добил понуда од Ливерпул.
🥇| BREAKING: Liverpool have made an offer to Kevin De Bruyne. [@DiMarzio] pic.twitter.com/4JFLv4Lzl1
— Anfield Edition | æ (@AnfieldEdition) May 7, 2025
Оваа вест ја објави познатиот италијански инсајдер Де Марчио. Ливерпул бил клубот кој започнал иницијатива и му понудил договор на Де Бројне, а засега не се знае одговорот на еден од најдобрите офанзивни играчи за врска во последните десетина години во светот.
Актуелниот договор на Де Бројне со Манчестер сити е до крајот на сезонава, што значи дека потоа ќе си замине како слободен играч и неговиот следен клуб нема да мора да плаќа оштета. Белгиецот, кој има 33 години, во последните неколку меча за Сити покажа дека уште „не е за фрлање“ и полека се враќа во старата форма. На последните четири меча што ги одигра има два гола и една асистенција.