Sвездата на Манчестер јунајтед, Маркус Рашфорд, може да си замине уште во јануари, иако има договор до 2028-мата година. Новиот тренер на „црвените ѓаволи“, Рубен Аморим, не смета на неговите услуги, а платата од 300.000 фунти неделно може да ја добие само од клубовите од Саудиска Арабија.
Ал-Ахли, Ал-Итихад и Ал-Кадисија се заинтересирани за неговиот потпис и без проблем може да ги исполнат неговите финансиски барања, но и Манчестер јунајтед би добил обесштетување за 27-годишниот фудбалер кој потекнува од нивната академија.
Рашфорд за Манчестер јунајтед одигра 426 натпревари со ефект од 138 голови и 63 асистенции, но последните две сезони бележи голем пад во формата и се повеќе е во втор план.