26.8 C
Skopje
понеделник, 14 јули 2025

„Бомба“ од Азија, Јоаким Лев станува селектор на дебитантот на СП?!

Германскиот 65-годишен стручњак Јоаким Лев би можело да ја предводи репрезентацијата на Узбекистан. Преговорите веќе биле почнати, а доколку Лев ја прифати понудата, сегашниот селектор Тимур Кападзе ќе остане во стручниот штаб.

Во моментов Узбекистан го предводи Кападзе, чиј договор сè уште не е обновен по заминувањето на Среќко Катанец, кој се повлече поради болест.

Оваа земја за првпат во историјата се пласира на Светско првенство и ќе се натпреварува на Мундијалот следната година.

Легендарниот Лев е без работа од Европското првенство во 2021 година, кога ја напушти клупата на германската репрезентација по деценија и пол. Популарниот Јоги стана светски шампион со Панцерите во 2014 година.

- Оглас -

Најнови вести