Актуелниот тренер на Бешикташ, Душан Алимпијевиќ, е назначен за нов кошаркарски селектор на репрезентацијата на Србија, пренесуваат тамошните медуми. Најавено е дека Алимпијевиќ ќе биде предводник на националниот тим во следните три години, односно до завршување на Олимписките игри во Лос Анџелес 2028 година.
Иако е многу млад, Алимпијевиќ има големо искуство. Со тренерската работа започна во 2013 година, кога работеше во Војводина. Потоа беше во Спартак и во ФМП, а во сезоната 2017/18 седна на клупата на Црвена ѕвезда, со која оствари 11 победи во Евролигата.
По заминувањето од Црвено-белите, младиот стратег го презеде тимот на Автодор, а потоа работеше во Бурса. Во 2022 година ја доби наградата за најдобар тим во Еврокупот. Од 2023 година седна на клупата на Бешикташ, со кого минатата сезона играше во финалето на првенството во Турција, но загуби во Фенербахче.
Првата задача за Алимпијевиќ ќе биде во квалификациите за Светското првенство во 2027 година. Новиот селектор на Србија дојде на местото на Светислав Пешиќ, кој си даде оставка по неуспехот на Европското првенство кое се играше летово.

