Еуроспорт пренесува бомбастична информација според која Фенербахче и Жозе Мурињо тргнуваат по потписот на Кристијано Роналдо. Наводно, португалскиот тренер се слушнал со неговиот сонародник бидејќи разбрал дека тој е несреќен во Саудиска Арабија и му понудил да се пресели во Истанбул и да потпише за Фенербахче.
За ова бил информиран и спортскиот директор на клубот, кој веднаш стапил во контакт со менаџерскиот тим на Кристијано Роналдо.
Португалецот има договор со Ал-Наср до следното лето и ќе биде големо изненадување доколку си замине и одлучи да потпише за Фенербахче, со оглед на тоа дека во Саудиска Арабија заработува 200 милиони евра годишно, а Турците веројатно не можат ни одблизу да му ги понудат тие услови.
Сепак, ќе биде вистинска сензација доколку Кристијано Роналдо навистина одлучи да потпише за екипата од Бософорот и повторно да соработува во Мурињо.