Бомба од Истанбул, Фенербахче тргнува по Нејмар!

Фенербахче му нуди договор на Нејмар, а Турците може да го земат бесплатно затоа што во договорот на ѕвездата со Сантос има клаузула со која тој летово може да замине во Европа како слободен играч.

Во Фенер сакаат да ја прекинат доминацијата на Галатасарај, кој дополнително се засили и го ангажира Лерој Сане и одговорот на тоа им е идејата да го земат Нејмар, кому му нудат договор на 1+1 сезона.

Нејмар, кој моменто е член на Сантос, но не игра бидејќи е заразен од корона-вирус, сака да се врати во Европа и да ја крене формата за да може да игра на Светското првенство следната година.

Интерес за Неј има и од Марсеј и Астон вила.

- Оглас -

Најнови вести