„Бомба“ од Италија: Клоп му се враќа на фудбалот и ќе преземе славен клуб од Серија А?!

Јирген Клоп веќе една сезона е надвор од фудбалот откако на крајот од минатата сезона го напушти Ливерпул и одлучи да паузира. Сега италијанската „Ла Стампа“ пренесува вистинска „бомба“, според која Германецот ќе му се врати на фудбалот и ќе го преземе кормилото на Рома.

Римската волчица на крајот од сезонава ќе остане без тренер, откако Клаудио Раниери одлучи да замине во пензија, а италијанскиот медиум тврди дека веќе сè е договорено помеѓу Рома и Клоп.

Доколку Клоп навистина ја преземе Рома, тогаш тоа би било вистинско изненадување, со оглед на тоа дека неколку многу побогати и поквалитетни екипи го посакуваа Германецот на нивната клупа, но тој ги одби сите понуди за враќање на фудбалот.

- Оглас -

Најнови вести